Пожар на Скопска Црна Гора, се гасне со два „ер-трактори“

Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два „ер-трактори“ на ДЗС и еден полициски хеликоптер

од Nikola Popovski
43 прегледи Фото: Фејсбук

Пожар попладнево изби над скопското село Раштак на Скопска Црна Гора. Чадот од пожарот се гледа од поголем дел од Скопје.

Дирекцијата за заштита и спасување информира дека пожарот се гасне и од воздух и дека се вклучени два „ер-трактори“ и еден полициски хеликоптер.

– Во гаснењето учествуваат повеќе екипи на БППЗ Скопје, тим на ДЗС, два ер трактора на ДЗС и еден полициски хеликоптер, информира директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.