Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Во близина на струшкото село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што соопштија оттаму, на терен се присутни екипите на ТППЕ Струга и дел од месното население, но според проценката на командирот на ТППЕ Струга, пожарот се простира на специфичен и непристапен релјеф, што го оневозможува гаснењето од копно.

Поради тоа, додаваат од ЦУК, итно е потребно ангажирање на воздухоплови.

-По барање на градоначалникот на Струга е испратено официјално барање за ангажирање на воздухоплов, а по насока и барање на Центарот за управување со кризи се вршат подготовки за испраќање на воздухоплов за гаснење на пожарот. Авион на Дирекцијата за заштита и спасување „ер трактор“ е веќе на пат кон локацијата за гаснење на пожарот, наведуваат од ЦУК.