75
Македонската информативна агенци објави видео од пожар во објект во скопски Аеродром. Според информациите, пожарот избил во напуштена барака на улица „Коста Новаковиќ“ наспроти „Американ колеџ“.
Од Скопската противпожарна служба информираат дека пожарот е ставен под контрола. Нема повредени лица.
Во гаснењето на пожарот учествувале три противпожарни возила со десет пожарникари.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.