Пожар во авион во Москва

од Stefanija Kuzmanovska
124 прегледи

Екипажот и патниците на комерцијалниот лет од Москва до Калининград денеска биле безбедно евакуирани откако избувнал пожар во авионот, пренесува ТАСС.

„Регистриран е пораст на температурата кога еден од патниците користел пренослив полнач за мобилни уреди. После тоа избувнал пожар“, изјавил портпаролот на компанијата „Урал ерлајнс“, наведувајќи дека инцидентот се случил на аеродромот Домодедово во Москва.

Портпаролот на „Урал ерлајнс“ изјави дека екипажот брзо реагирал и го изгаснал пожарот за само неколку секунди.

Слични содржини