Едно дете загина во пожар во бегалски камп северно од Атина, соопшти утрово грчката противпожарна служба.
Детето не дишело кога пожарникарите пристигнале доцна синоќа во кампот Теба, околу 50 километри северно од Атина.
Полицијата интервенирала бидејќи барателите на азил го блокирале пристапот до објектот кој бил во пламен.
Истрагата за причината за пожарот е во тек.