Пожар во центарот на Скопје во зградата на „Технометал“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
148 прегледи

Вечерва избил голем пожар во центарот на Скопје во зградата на „Технометал“, која се наоѓа во непосредна близина на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Пожарникарите се на терен и интервенираат за гаснење на пожарот.

„Технометал Вардар“ беше основана пред 60 години и во времето на поранешна Југославија беше водечка фирма во трговија со мермер, челик, обоени матели и немметали, опрема, машини и друго.

Сега зградата и просторот околу неа се целосно запуштени. Околу е обрасната трева, расфрлено е ѓубре, фонтаната служи како корпа за отпадоци, а навечер нема ни светло.