Пожар го зафатил деловниот центар Гранд Сетун Плаза на западот на Москва, пренесоа руските агенции.
Во зградата останале околу 20 луѓе, изјавија од Брзата помош за ТАСС.
🔥In Moscow, the building of the business center "Grand Setun Plaza" is on fire, people remain inside. pic.twitter.com/kXOsqHEtjd
— Ukraine 4 Freedom (@uawarinfo) June 3, 2022
Спасени се повеќе од 120 луѓе, јавува агенцијата, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации.
Засега нема информации за жртви.
Пожарот го гаснат 180 пожарникари и 41 единица опрема.
Moskova'da yanan iş merkezi "Grand Setun Plaza"da toplam 120'den fazla kişi kurtarıldı, arama çalışmaları sürüyor.#Moscow pic.twitter.com/DrzBFcg2m7
— Gültekin 🌹🦋🐝 (@Cgultekin34) June 3, 2022
Пожарот ги зафатил првите четири ката од зградата, од 10, колку што има.
На местото на пожарот пристигнаа рускиот министер за вонредни ситуации Александар Куренков и неговиот заменик Илја Денисов.
Fires in Russia continue.
In Moscow, the Grand Setun Plaza business center is on fire. It is reported that there may be many visitors and workers in the building. They are cut off from the exits by fire. pic.twitter.com/Zd7EWuXEC1
— Laurence Woodside (@Lar_Woodside) June 3, 2022