Солитерот Emar од 35 ката кој се наоѓа кај познатата Бурџ Калифа, највисоката зграда во светот, се запали рано утринава во Дубаи.
Во овој пожар солитерот делумно изгорел, јавуваат тамошните медиуми. Пожарот е локализиран, но засега нема информации за жртви.
"Strong fire in the center of Dubai in the Downtown area. The high-rise of the Emaar company, the largest developer in the Arab world, is on fire."
Why is it theres always one of these on fire in that neck of the woods? pic.twitter.com/6iRqHwsRuL
— Justartsandstuff 🇨🇦🇺🇦🇹🇼 (@justartsndstuff) November 7, 2022
Повикувајќи се на очевидци, локалните медиуми јавуваат дека пожарот започнал во долен стан, а потоа се проширил нагоре, а пожарникарите брзо го изгаснале пламенот.
Наводно, утрото имало густ сообраќај бидејќи блиските улици во областа биле затворени.
Дубаи, градот на облакодери, извести за голем број пожари во своите високи згради во последниве години.