Пожар во две семејни куќи во Куманово

од Nikola Popovski
13 прегледи

Два семејни дома биле опожарени вчера во Куманово, соопшти денеска регионалниот Центар за управување со кризи. Пожарникарите гаселе пожар на запалена кровна конструкција во село Пчиња до 15 часот со една екипа.

Во попладневните часови била опожарена куќа во центарот на Куманово на улицата „Пионерска“. На пожарот интервенирале две екипи со шестмина пожарникари.

ТППЕ Куманово гаселе пожар и на запалена сува трева на улицата „Народна Револуција“ и во населбата „Средорек“ каде бил запалена сува трева и смет.

Кумановци реагираат дека на оваа локација несовесни граѓани постојано палат смет и често има пожари кои ја вознемируваат јавноста и го загадуваат воздухот во попладневните часови. Кумановци бараат засилени инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено и го загадуваат воздухот.

Слични содржини