292
Тетовската полиција информира дека пожар избувнал околу 10 част и 30 минути во фабрика за бои и лакови во близина на тетовското село Фалише.
Во гаснењето на пожарот интервенираат пожарникарите од тетовската територијална противпожарна единица. За негово гаснење повикани се и гостиварски фирми со механизација да помогнат при расчистување на материјалите кои не се зафатени со пожарот.
Засега нема информации за повредени лица.
Од Центарот за управување со кризи препорачуваат населението во линија на чадот од пожарот да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено.
Оттаму побараа и активирање на полициски хеликоптер кој ќе помогне во локализирање на огнената стихија.