Откако беше објавено дека голем пожар му се заканува на градот Кочани, премиерот Зоран Заев заедно со министерот за здравство, Венко Филипче ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон градот.
Истото вечерва го стори и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-На пат за Кочани, на народот му е потребна помош, тука сме заедно да се бориме, кога власта веќе тоа не го прави!, стои во објавата на Мицкоски.
Според информациите, пожарите на две локации околу Кочани брзо се шират поради силниот ветер и сувата вегетација. Oгнот брзо се проширил во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе се зафатени дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало, како што информираат екипите на Територијалната противпожарна единица од Кочани.
Како можни причини за избувнувањето на божарите, надлежните ги наведуваат топлото време и човечкиот фактор.