Вчера околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хаџи Николов” настанал пожар во куќа сопственост на А.Г.(43), при што била зафатена и соседната куќа, сопственост на М.Т.(34).
При обид за гасење на пожарот со повреди се здобил Г.Б.(57), кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош.