Пожар во мигрантскиот камп на Лезбос

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Пожар избувна утрово во мигрантскиот камп на грчкиот остров Лезбос, каде има повеќе од 12.000 лица, пренесоа агенциите.

Мигрантите беа евакуирани и пренесени на безбедно.

Причината за пожарот во кампот Морија е непозната, а на Лезбос горат уште два шумски пожари.

Шатори и контејнери се запалија во кампот, во кој се сместени околу 12.000 мигранти. Засега нема информации за повредени, а причината за пожарот не е позната, пренесува „Ројтерс“.

Минатата недела кампот беше ставен во карантин поради болен барател на азил. Грчкото министерство за миграција објави дека бројот на мигранти заразени со коронавирусот е скоро двојно зголемен и дека сега има вкупно 35 заболени.