ПОЖАР ВО МОСКВА: Гореше трговски центар, има жртви (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
175 прегледи

Едно лице загина како последица на пожар во трговскиот центар МЕГА Химки во Русија, изјавија за РИА Новости од Главната управа на министерството за вонредни ситуации на Московскиот регион.

„Ја потврдуваме смртта на едно лице“, соопштија од прес-службата на Министерството.

Пожарот избувнал во шест часот наутро во продавницата ОБИ во трговскиот центар МЕГА Химки. Се запали покривот на површина од 150 метри квадратни. На пожарот му беше доделен четвртиот број на сложеност од пет.

Според РИА Новости во службите за итни случаи, главни причини за вонредната состојба се неисправноста на опремата и прекршувањето на правилата за заштита од пожари при работа.

Првичната верзија за подметнување пожарот не е потврдена.

Гаснењето беше комплицирано поради дизајнерските карактеристики на зградата, што придонесе за создавање воздушни струи и уривање на покривот.

Во 8 часот и 25 минути пожарот бил локализиран на површина од седум илјади квадратни метри.

Како што јави дописникот на РИА Новости, во реонот на запалениот трговски центар се слушнале пригушени истрели. Службите за итни случаи предупредија дека конзервите со боја и аеросоли почнале да експлодираат.

Пожарот во ОБИ не ги зафатил другите делови од трговскиот центар. Сепак, во петок, 9 декември, трговскиот ќе биде затворен.

Слични содржини