Две лица загинаа во голем пожар во нафтена рафинерија во рускиот град Ангарск во југоисточен Сибир, соопшти денеска одделот на Истражниот комитет за областа Иркутск.
Пет лица се повредени во пожарот, изјави на Телеграм гувернерот на Иркутската област Игор Кобзев, а пренесува ТАСС.
Кобзев додаде дека пожарот зафатил површина од 2.500 метри квадратни на петрохемиска компанија на Ангарск.
Министерството за вонредни ситуации соопшти дека пожарот е локализиран, а можна причина за инцидентот е загадување со гас на системот на процесни постројки, додава РИА Новости.