225
Центарот за управување со кризи информира дека на бројот 112 е примена дојава за пожар во населбата Ѓорче Петров од левата страна на реката Вардар.
Оттаму посочуваат дека веќе интервенира Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
– Во ЦУК на 112 е добиена пријава за пожар во населба „Ѓорче Петров“, покрај мостот, карши бензинската пумпа на „Макпетрол“, лева страна на реката Вардар. Во близина има куќи. БППЗ Скопје се известени, веќе интервенираат и најверојатно ќе биде изгаснат за кратко, велат од ЦУК.