Пожар во објекти на три фирми

од Nikola Popovski
311 прегледи

Доцна синоќа пред полноќ избувнал пожар во скопско Лисиче, стои во полицискиот билтен.

-На 15.06.2022 во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Долно Лисиче, скопско, настанал пожар во три објекти на три фирми од Скопје, информираа од полицијата.

Од таму додаваат дека пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.