152
Пожар избувна во зградата на истражувачко-производствениот комплекс во градот Арамил, Русија. Ова го соопшти прес-службата на регионалната главна управа на министерството за вонредни состојби.
„Според оперативните информации, површината на пожарот е 3.000 метри квадратни. Гаснењето е отежнато поради опасност пламенот да се прошири на складиштето со запалива течност“, се наведува во извештајот.
Од зградата се евакуирани 110 лица.
Нема извештаи за жртви.
Според информациите на веб-страницата на ВМП, компанијата има производствен комплекс во Арамил на улицата Клубнаја.
Компанијата се занимава со производство на антикорозивни материјали за метал и бетон, отпорни на пламен, полимерни подни облоги, метални прашоци.