Во складиште во областа Брјанск на западот на Русија денеска се запалија цистерни со нафта на околу 1.800 квадратни метри, соопшти локалниот гувернер Александар Богмаз.
Како што навел на својот канал на Телеграм, пожарот го гаснале повеќе од 80 лица со 30 парчиња опрема, пренесува ТАСС.
Богмаз додаде дека нема извештаи за жртви.
На местото на настанот е испратена воздушна противпожарна единица.