Пожар во стан во Ново Лисиче, причинета материјална штета

од Vladimir Zorba
297 прегледи

Пожар избувнал денеска во стан во скопската населба Ново Лисиче, на чие гаснење интервенирале три противпожарни возила.

-Опожарен е стан на првиот кат на бул. АСНОМ број 68. Интервенирано е со три Противпожарни возила со 12 пожарникари. Не е дозволено проширување на пожарот на соседните станови. Навреме е направена евакуација. Нема повредени лица. Причинета е само материјална штета, изјави за МИА командирот на ППБ на Град Скопје Ѕвонко Томески.

Тој додаде дека е повикана екипа на полицијата за да ги утврди причините за пожарот.

Слични содржини