Пожар во викендицата на Миле Зечевиќ

од Nikola Popovski
325 прегледи

Рано утрово дошло до пожар во викенд-куќата во која престојувал генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ. Повредени лица нема, а пожарот го изгаснала гостиварската територијална противпожарна единица.

Засега нема официјални информации за причините како настанал пожарот. Сомнежите се дека имало некакви проблеми со оџакот во викендицата.

-Утрово (12.02.2023) околу 06.10 часот, М.З.(51) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека настанал пожар во внатрешна инсталација на викенд куќа во село Леуново, сопственост на неговата мајка, во која престојувал.

Повредени нема, интервенирала гостиварската територијална противпожарна единица. Во текот на денешниот ден ќе се врши увид, информираа од МВР.

Слични содржини