Пожар во зграда во Турција: Загинаа осум деца

од Stefanija Kuzmanovska
171 прегледи

Девет сириски државјани, мајка и осум деца загинаа во пожар во нивниот стан во Турција, објави новинската агенција „Анадолија“.

Децата се на возраст од 1 до 11 години. Станот во кој престојуваа 31-годишната мајка, нејзините шест деца и двајцата внуци се запали во вторникот вечерта, изјави гувернерот на Бурса, Јакуп Канболат.

Мајката живеела со децата во провинцијата Бурси во северозападна Турција, додаде тој.

„Според првичните информации, пожарот во станот на вториот кат можеби бил предизвикан од греалка“, изјави Канболат.

Уште три на повисоките катови се полесно повредени и се пренесени во болница.