11
Три противпожарни возила и деветмина пожарникари ноќеска гаселе подрумски простории на семејна куќа во центарот на Куманово, соопштија денеска од регионалниот центар за управување со кризи. Пожарот избувнал околу 23 часот, а бил изгаснат во 05:45 часот, утрово.
– Опожарен е подрумскиот дел на објектот на улицата „Перо Чичо“. Направена е материјална штета, причината за пожарот ќе се утврдува, информираа од РЦУК.
И денеска една противпожарна екипа интервенира во исцрпување на вода. Од пожарот, како што информираа од ТППЕ Куманово биле зафатени и пластични цевки за водовод, што предизвикало дополнително истекување на вода.