Пожари во велешко и скопско

од Vladimir Zorba

Два големи пожари во моментов се активни во велешко и во скопско. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), едниот пожар е над село Отовица во велешко, а другиот е во скопско помеѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино.

Како што најавуваат од ЦУК, наскоро во гаснењето ќе се вклучат авион „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Слични содржини