ПОЖАРИТЕ ВО ГРЦИЈА ПОДМЕТНАТИ? Обвинителството бара истрага

од Stefanija Kuzmanovska
405 прегледи

Среде се повеќе шпекулации, но и се повеќе индикации за подметнување на пожарите, државниот обвинител нареди истрага за да се утврди дали има организиран план за предизвикување на пожарите што сега опустошуваат и уништуваат низ цела Грција.

Во таа смисла, обвинителот на Врховниот суд, Василиос Плиотас, испрати барање до највисоките судски инстанци и полицијата, пренесува порталот „Екатимерини“.

– Премногу пожари со невообичаен интензитет и размери што се случија во последните денови предизвикаа непроценлива штета врз животната средина, особено шумските ресурси на Грција, зградите и другите објекти, земјоделско земјиште, посеви и туристичка инфраструктура, загрозувајќи ги дури и животите на нашите најблиски. Синхронираноста во избувнувањето на пожарот отвора основано сомнение дека станува збор за намерна активност на организиран криминал при палење оган, а не само обична, случајна појава, за инциденти предизвикани од несовесно однесување – напиша обвинителот Василиос Плиотас.

Слични содржини