Пожарникар нападнат додека гасел пожар во Центар

од Nikola Popovski
492 прегледи

Припадници на МВР привеле двајца скопјани кои нападнале пожарникар додека гаснел оган, информираат од полицијата.

Вчера 13.07. полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б.(26) и И.З.(46), двајцата од Скопје, затоа што околу 02.20 часот на ул.„Костурски херои“ физички нападнале вработен во Бригадата за противпожарна заштита Скопје кој вршел службени дејствија – гасење пожар на локацијата.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Слични содржини