Пожарникар од Македонија доброволно тргнува за Хрватска да им помогне на настраданите од земјотресот

од Nikola Popovski
393 прегледи

Штипскиот пожарникар Александар Ѓорѓиевски доброволно заминува да помогне по денешниот катастрофален земјотрес што ги погоди Петриња и други градови и села во Хрватска. Таму планира да им се стави на располагање на неговите колеги, хрватските пожарникари.

„ Пошто никој не се јави за Хрватска си тргам сам до граница ме носи Столе Штерјов, таксист од Штип, а 5 часот со автобус на Хисар тргнувам таму каде што сум потребен со чисто срце и Македонски манири. Газдата на Хисар, господ здравје да му даде, картата до Хрватска кога слушна за што ја вадам ми овозможи бесплатен превоз БЛАГОДАРНОСТ хумани луѓе! Бензинската  Дади Компани исто се погрижи за таксистот и ми среди бесплатен превоз до граница БЛАГОДАРНОСТ хумани луѓе среќен сум ве има“, напиша Ѓорѓиевски на социјалната мрежа „Фесјбук“.

Тој претходно упати апел до Општина Штип и градоначалникот Николов, како и неговите колеги и други сограѓани да се стават на располагање на пожарникарите од Хрватска.

Најмалку седум лица загинаа, а десетици се повредени при уривање на згради во силниот земјотрес којшто ја погоди централна Хрватска, оставајќи го градот Петриња во близина на епицентарот без електрична енергија. Спасувачите во темница ги пребаруваат урнатините во потрага по преживеани.  Засега нема информации за повредени македонски државјани во земјотресот, а министерствата за надворешни работи на двете земји се во постојана комуникација.

 

 

Слични содржини