Пожарникари завршија во болница откако ги удрила струја додека гаселе пожар

од Nikola Popovski
199 прегледи

Тројца пожарникари се повредени при интервенција на пожар на кров од куќа во струшкото село Радожда, потврди  командирот на Територијалната против пожарна единица во Струга, Фети Мазари. Противпожарната единица од Струга, синоќа во 23:30 часот, добила пријава за пожар, по што биле испратени шестмина пожарникари.

-Пожарникарите се во добра здравствена состојба, а пожарот е целосно изгаснат, изјавил Мазари.

Како што појаснуваат од Охридската полиција, пожарникарите се здобиле со повреди од струен удар.

Се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини