Пожарникарите имаа вежба со новата скала, се користеа и хеликоптери

од Nikola Popovski

Голема паника кај жителите на центарот на главниот град предизвика денешната вежба на скопската Противпожарна бригада. Имено бил затворен дел од булеварот „11-ти октомври“, кај Зоил Македонија, при што биле поставени душек за спасување, биле вклучени и хеликоптери, а исто така се користела и новата 42-метарска скала.

Според информациите, скопските пожарникари и полицијата имаат тактично- показна вежба со новите противпожарни скали. Тие утре пред медиумите треба и да ја презентираат новата опрема.

Противпожарната скала Град Скопје ја купи за 1,7 милиони евра, а градоначалникот Шилегов кажа дека досега Пожарна немала ваква скала и опрема, па не можело да се интервенира на повисоки згради.

Слични содржини