Припадниците на Хеликоптерската единица Секторот за вонредни ситуации при српското Министерство за внатрешни работи кои беа испратени во Македонија за да помогнат во гаснењето на шумските пожари, за време на 10-часовниот лет со хеликоптерот „Камов Ка-32“, исфрлиле околу 70 тони вода на опожарените површини.
Бранко Попратњак, член на тимот и припадник на Хеликоптерската единица на српското МВР, информирал дека сите припадници кои учествуваат во оваа акција вложуваат максимални напори за гаснење на пожарите.
„Хеликоптерот Камов Ка-32 на Хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи на Србија денеска беше ангажиран на пожарникарите во Северна Македонија во регионот на Ново Село, кој се наоѓа во близина на границата со Бугарија. Вчера и денеска пожарот го гасневме вкупно 10 часа, а во областа на пожарот фрливме околу 70 тони вода“, рекол Попратњак и додал дека условите на пожарот биле сложени поради високата температура.
„Температурите се високи, над 40 степени, но ние ќе се обидеме да се справиме со сето тоа и да продолжиме со нашата работа овде во Македонија“, кажал Попрањак.
Потсетуваме дека помошта од соседната земја е испратена врз основа на барањето на македонската Влада за помагање при шумски пожари.
Припадници на Хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации при српското МВР учествуваат во гаснењето на пожарот со употреба на хеликоптер „Камов Ка-32“, авион со голем капацитет за вода, кој за прв пат беше испратен надвор од границите на Србија да пружи помош.