318
Пожарникар-спасител Борис Станковски вработен во ТППЕ Куманово, упати отворено писмо до министерот за здравство Венко Филипе.
Писмото ви го пренесувам во целост:
„Јас сум пожарникар-спасител Борис Станковски вработен во ТППЕ Куманово и приклучен сум на Општинскиот Штаб за Заштита и Спасување ( ОШЗС ).
Бев тестиран за вирусот Ковид 19 на 12.04.2020 година, заедно со останатите членови на општинскиот штаб по барање на епидемиолог. Тогаш беа извршени повеќе тестирања и на мои колеги пожарникари кои работевме на дезинфекција во ризичните зони зафатени со епидемијата во градот како и дополнително на дистрибуција на хуманитарни пакети за социјално загрозени сограѓани.
– Дававме и сеуште даваме надчовечки напори во борбата против епидемијата (иако во меѓувреме се соочуваме со многу проблеми ), со цел да се спасат поголем број на животи и да го заштитиме населението и паралелно со тоа ги извршуваме како пожарникари и нашите редовни работни задачи во борбата против пожарите.
На 16.04.2020 година( после 4 дена од тестирање) ги добив резултатите и за жал тестот ми беше позитивен на вирусот. Исто и дваица мои колеги излегоа позитивни на вирусот. Владата на 24.04.2020 година ја донесе одлуката за задолжителна самоизолација после тестирање на секој тестиран граѓанин, значи не сум имал никаква обврска да се самоизолирам во периодот од 4 дена од моментот на трстирањето до добивање на резултатот, а притоа немав никакви симптоми (температура, кашлање,главоболка…)
Од 16.04.2020 година до 30.04.2020 бев во самоизолација со решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, иако немав никакви симптоми на болеста, останав дома пред се плашејќи се за сопствениот живот и животите на своите најблиски.
Поминав низ голем страв и дополнителен стрес гледајќи по медиумите се што се говори за болеста и третманот и искуствата на заболените.
По извршените тестирања од Центарот за Јавно Здравје и на сите останати мои колеги од цела смена и по добивање на сите негативни резултати, почнува полека да ми станува сомнителна целата ситуација. Значи не може од 11 луѓе, 10 да се негативни, а само јас да сум позитивен. Притоа во периодот од12.04 до 16.04 имам одено две смени на работа по 12 часа и замислете на никого не сум ја пренел болеста, сите негативни. Имам во тој период и една интервенција на пожар. Друга сомнителна ситуација е во објектот каде што се сместени хуманитарните пакети за социјално загрозените граѓани, исто и таму со сите кои сум имал контакт сите излегоа не тестирањето негативни, само јас позитивен. Исто така и моите родители дома немаа никакви симптоми.
Во периодот на самоизолацијата имам направено два контролни теста од Центарот за Јавно Здравје и двата се негативни.
Во меѓувреме во периодот на самоизолацијата на 26.04.2020 година направив дополнителни тестови на Ковид 19, уредно почитувајќи ги сите протоколи, на домашна адреса дојде мобилна екипа од болницата АЏИБАДЕМ СИСТИНА на мое барање, и тоа пцр и серолошки тест и моите резултати се НЕГАТИВНИ НА СЕ (пцр негативен, антитела ИГМ, ИГГ негативни) користејќи го моето законско право на второ мислење како пациенти.
Според резултатите од тестовите ниту сум имал контакт со некој што го има вирусот Ковид 19, ниту вирусот бил присутен кај мене.
– Отворено ве прашувам:
– КОЈ ТОА МЕНЕ ПРИ ЗДРАВ,ПРАВ,БЕЗ НИКАКВИ СИМПТОМИ МЕ ПРАВИ БОЛЕН?
– ДАЛИ НЕКОГАШ СУМ БОЛЕДУВАЛ ОД КОВИД 19 АКО СИТЕ ТЕСТОВИ ПОКАЖУВААТ НЕГАТИВНИ РЕЗУЛТАТИ? (PCR Negativ, IGM Negativ, IGG Negativ)
– ДАЛИ ТЕСТОВИТЕ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ОД 12.04.2020 СО КОИ ЈАС, ЧЛЕНОВИТЕ НА ШТАБОТ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СМЕ ОГЛАСЕНИ ЗА ПОЗИТИВНИ СЕ ВАЛИДНИ И ДОКОЛКУ СЕ РАБОТИ ЗА ПРОПУСТ ИЛИ “НЕНАМЕРНА” ГРЕШКА ДАЛИ НЕКОЈ ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ТОА? НЕКОГАШ ТАА НЕНАМЕРНА ГРЕШКА НЕКОГО ЧИНИ ЖИВОТ.
– ДАЛИ? ЗОШТО И ПО КОЈ ОСНОВ МОИТЕ МЕДИЦИНСКИ ИСПИТУВАЊА НАПРАВЕНИ ВО БОЛНИЦАТА АЏИБАДЕМ СИСТИНА И ПЛАТЕНИ ЛИЧНО ОД МЕНЕ НА 26.04.2020 БИЛЕ ПРЕДМЕТ НА ИСТРАГА НА ДРЖАВЕН САНИТАРЕН И ЗДРАВСТВЕН ИНСПЕКТОРАТ?
– ДО КОГА И ДО КАДЕ ЌЕ ОДИ ОВАА СТИГМАТИЗАЦИЈА НА НАС ГРАЃАНИТЕ КОИ ЈА ДЕЛИМЕ ОВАА СУДБИНА ВО ЕПИДЕМИЈАТА И ДАЛИ САМИТЕ ДРЖАВНИ ОРГАНИ ДОПРИНЕСУВААТ ВО ИСТАТА?
– СИТЕ ОВИЕ НЕЛОГИЧНИ РАБОТИ И СЛУЧУВАЊА ДОВЕДУВААТ ДО ЕДНО ПРАШАЊЕ: ДАЛИ И НА КОГО МУ СМЕТА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ?
Очекувам НАЈ ИТЕН одговор од вас почитуван Министер да го објасните однесувањето и постапките на органите под ваша надлежност.
– Како социјалдемократ и човек што ја почитува работничката класа и денот на трудот во периодот на празникот се воздржав од поставување од прашања поврзани со короната и наводната моја позитивност на болеста кога и други мои колеги и членови на штабот беа прогласени за позитивни, денеска по празникот сакам отворено да ги поставам прашања“, пишува Станковски.