249
Пожарот кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на хидросистемот „Дојранско Езеро“, се засили и покрај интервeнцијата на двата авиони „Ер трактор“, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи.
Како што посочуваат оттаму, авионите направиле повеќе од 19 налети прецизно фрлајќи вода врз огнот, а тргнат е и еден хеликоптер на МВР.
Покрај авионите „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, во гаснењето учествуваат и пожарникари од Гевгелија и Валандово, екипи на подружниците на „Национални шуми“ и општинското комунално претпријатие од Богданци.
Пожарот избувнал во нискостеблеста деградирана шума и сува трева и бргу зафатил поголема површина.