Пожарот кај Пехчево неконтролирано се шири, граѓаните бараат помош (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Граѓаните од Пехчево бараат помош од сите страни во справување со огненанта ситхија, што го зафати појасот меѓу тој град и Делчево.

-Луѓе! Пожарот во близина на Пехчево се шири на сите страни. Помош!!!, стои во објавата на социјалните мрежи.

Според најновите податоци на Центарот за управување со кризи, во 13 часот пожарот се рашири во насока на селата Робово, Умлена и Чифлик, а на ширењето му погодува силниот ветер кој ги разгорува огнените јазици.

Пожарот кој беснее во источниот дел на земјава, се приближува до границата со соседна Бугарија. Според информациите, тој се наоѓа на 2 километри од границата, но брзо се шири, па може да стигне и на бугарска територија.

Слични содржини