Запален е магацински простор, се уште немаме податок за колкав простор станува збор, на терен беа ангажирани 6 противпожарни возила. Пожарот е под контрола , информираат за „Локално “ од ЦУК во врска со пожарот кај фабриката Треска.
Од МВР велат дека досега нема пријава за повредени лица.
-Полициски екипи на терен, сообраќајот се пренасочува и противпожарна е на лице место. Досега нема пријава за повредени лица, велат за „Локално“ од МВР.
Пожарот според очевидци на теренот избил нешто по 14 часот.