Пожарот меѓу Богданци и Дојран ставен под контрола

од Radmila Tasevska
189 прегледи

Пожарот меѓу Богданци и Дојран, кој избувна денеска на пладне на планината Карабалија, во атарот на селото Селемли, во близина на границата со Грција, е локализиран и е ставен под контрола, но се уште не е целосно изгаснат.

Според директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, кој е на местото на пожарот, со дејствување на двата авиони „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ), но и на пожарникарите од Гевгелија и Дојран, спречено е проширување на пожарот.

– Се повлековме. Локализираниот пожар ќе го следиме зашто постои можност од негово активирање доколку ветрот го промени правецот, изјави Ангелов.

Како што рече тој во последната видео изјава од местото на пожарот во прилог на гаснењето е и ветрот кој го насочуваше огнот кон изгорените делови.

Ангелов информираше дека големиот пожар е на линијата на фронтот од Првата светска војна и досега се слушнале повеќе детонации од експлозивни направи и истрели од куршуми од голем калибар.

Слични содржини