Пожарот на Кипар ставен под контрола

од Stefanija Kuzmanovska
424 прегледи

Големиот шумски пожар во Кипар, кој однесе четири животи за два дена, беше ставен под контрола утрово, јавуваат кипарските медиуми.

Пожарот избувна во саботата попладне во Аракапас кај Лимасол, а поради силниот ветер зафати голема површина покриена со шума и вегетација. Огнот проголта сè што му се најде на патот, вклучително и куќи и други згради, пренесува „Cyprus Mail“.

Експертите велат дека пламенот поминал осум километри за пет часа и се проширил на површина од 55 километри.

Загинаа четири лица, а станува збор за работници од Египет чии јагленисани тела ги пронајдоа нивните колеги во блискиот ендек во неделата наутро.

Слични содржини