Пожарот од Ракотинци се движи кон Сопиште

од desk4

Од ЦУК велат дека пожарот од Ракотинци се движи кон Сопиште.

За пожарите се известени припадниците на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје. Во моментов се преговара за исклучување на струјата со ЕВН со цел да не се предизвикаат дополнителни искри и ширење од пожарот.

Според очевидци  во Ракотинци има пожар  под црквата „Свети Илија“, а гори и во Добри дол над селската црква.

Слични содржини