Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарот помеѓу селата Будинарци и Митрашинци во беровскиот регион сè уште е активен.
-Од утринските часови интервенира хеликоптер на МВР, како и 20 лица од ДЗС, 35 лица од шумските стопанства и неколку лица од месно население, велат од ЦУК.
Од утрово, повторно се гасне и од воздух, a пожарникарите и граѓаните кои учествуваат во гаснењето остануваме на терен до негово целосно гаснење.
-Заради скратување на времето на полнење вода на полицискиот хеликоптер во Будинарци е поставен импромвизиран базен од кој ќе се полни вода заради побрза интервенција. Контролата над организацијата во справувањето со огнената стихија ја презема Управувачкиот комитет за координација и управување на системот за кризи. Според проценките, пожарот досега зафатил високостеблеста дабова и букова шума со површина од околу 50 хектари, информира градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
Надлелжните институции се сомневаат дека станува збор за намерно подметнат пожар.