Пожарот во Чернобил се проширил на 35 хектари: Авионите веќе исфрлиле 72 тони вода (видео)

од Nikola Popovski

Пожарот што избувна во близина на нуклеарната централа во Чернобил и поради што се зголеми нивото на радијација, зафати 35 хектари како резултат на силниот ветер, соопшти Службата за итни случаи на Украина.

Пожарникарите го гаснеле пожарот уште од саботата, кога тој се проширил на 35 хектари.

Биле употребени и два хеликоптери Ми-8, а 10 единици се планирани да бидат преместени на таа територија. Авионите веќе исфрлиле 72 тони вода.

Како што е наведено, нивото на зрачење во Киев и областа е во нормални граници.

Пожарот се појавил во ексклузивната зона на Чернобил, која се протега на 2.600 квадратни километри, а била основана по нуклеарната катастрофа во 1986 година кога радиоактивен облак го зафати поголемиот дел од Европа.

Областа е претежно ненаселена, иако околу 200 луѓе остануваат да живеат таму и покрај повиците за напуштање.

Слични содржини