450
Градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски на својот Фејсбук профил сподели дека пожарот во ОХИС е изгаснат.
„Голема благодарност до противпожарните екипи на град Скопје, за максимално професионална и ефикасна интервенција. Да бидеме одговорни и да внимаваме, сите без исклучок!“, сподели тој.
Претходно тој изјави дека не постои опасност за жителите на општината Кисела Вода, ниту за градот Скопје, бидејќи пожарот е локализиран.
„Најголем дел од хемикалиите веќе се отстранети од „ОХИС“ и од дворот на фабриката“, изјави градоначалникот на Кисела Вода.