Околу 80 тони опасен отпад од ОХИС испратени на уништување во Франција

од Nikola Popovski

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека како резултат на активностите за чистење и ремедијација на Лот 3 од малата депонија во ОХИС, во текот на вчерашниот ден се извезени на уништување во Франција околу 80 тони опасен отпад.

Преку досегшните активности на третиот лот, ископани и спаковани се 210 тони на земја контаминирана со HCH чиј извоз е планиран за следните 2 месеци и ископани и спаковани се 231 тон на HCH отпад.

-Во оваа фаза, според Планот за ремедијација одобрен од МЖСПП, ќе се отстранат вкупно 525 тони на HCH отпад и 210 тони на земја контаминирана со HCH, појаснуваат од МЖСПП.

 

Слични содржини