Пожарот во пехчевско е на 100 метри од селото Робово

од Nikola Popovski
329 прегледи

Пожарите во пехчевско се уште беснеат. Локалното население се уште се справува со огнената стихија и бараат помош преку социјалните мрежи.

– Лошо е луѓе, со пожарникарите од Австрија и припадниците на АРМ го гаснеме пожарот кој е над селото Робово е на неколку стотина метри од селото, вели Марјан од Пехчево.

На петтиот ден од битката со пожарот помеѓу Делчево и Пехчево, надежите се дека со заладувањето ќе дојде и дожд.

Во градот Пехчево нема противпожарна служба, таа се потпира на мобилизација на стотици доброволци и пожарникари од Бугарија. Напорите сѐ уште се фокусирани на западниот фронт на огнот, каде што сѐ уште гори, а во близина има вили и посеви.

 

Слични содржини