Позитивна пресуда за промена на податоци за пол во матична евиденција

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Македонското здружение на млади правници информира дека Управниот суд Скопје на 07.07.2016  година донесе Пресуда со која се уважува тужбата на тужителот и се поништува Решение на Министерството за правда, кој како второстепен орган го потврдил решението на Управата за водење на матичните книги и го одбил тужителот за исправка на податоците во матичната книга на родените за промена на податокот за пол.akademik-foto-16

Според судот, со спорното решение повреден е законот и во конкретниот случај нецелосно е утврдена фактичката состојба , поради што е погрешно применет Законот за матична евиденција и Законот за општата управна постапка, согласно кои Министерството за правда требало да му укаже на првостепениот орган за сторената повреда.

Во текот на управната постапка не биле ценети доказите односно целокупната медицинска документација според која дошло до комплетна тренсформација на полот, поради што тужителот се стекнал со сите права согласно закон во склад со новоформираниот пол за промена на податоците во матичната евиденција.

Постапката се водеше во рамки на проектот „Борба против дисцриминацијата“ поддржан од Open Society Institute –Budapest.

Полномошник во постапката е адвокат Жарко Хаџи Зафиров од Адвокатското друштво БОНА Фиде Скопје. Постапката пред управните органи беше поддржана од страна на Коалицијата “Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници” и адвокат Наташа Бошкова.

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е невладина, непрофитна и непартиска професионална организација на правници,  со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредувањето на правничката професија и остварувањето на принципот на владеење на правото.