Познат идентитетот на лицето чие тело беше пронајдено на местото каде се гради Мега паркот во Штип

од Nikola Popovski
659 прегледи

МВР излезе со детали за пронајденото безживотно тело на местото каде се гради Мега паркот „Иднина“ во Штип. Според полицијата, денеска во 09.46 часот во СВР Штип било пријавено дека при вршење ископ при извршување градежни работи во круг на јавно општинско претпријатие било пронајдено тело на починато машко лице.

По преземени мерки, извршен увид и извршено препознавање, било констатирано дека станува збор за С.Д.(86) од Штип, кој беше пријавен за исчезнат на 15.08.2024.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Телото е откриено при активности на градежните машини на фирмата која е анагажирана за изградба на Мега паркот, кој треба да се простира покрај пешачката и велосипедската патека крај реката Брегалница.

Слични содржини