Познат идентитетот на тројцата загинати Македонци: МНР со детали за тешката сообраќајка во Италија

од Nikola Popovski
170 прегледи

Министерството за надоврешни работи излезе со детални информации за синоќешната тешка сообраќајна несреќа со смртни последици во Италија, за која е утврдено дека тројца се државјани на Република Северна Македонија.

-Амбасадата во Рим, како и Генералниот конзулат во Венеција се во директен контакт со надлежните институции на Италија, од каде е добиена усна потврда за починатите наши државјани, како и за нивните податоци. Се работи за З.С. – 33 години од Македонска Каменица, А.К. – 31 година од селото Саса, како и В.И. – 30 години од село Пекљани, Виничко.

Претставниците на Конзулатот и Амбасадата веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите, и ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија.

Иако поради велигденските празници комуникацијата со италијанските служби се одвива забавено, нашите дипломатски претставништва остануваат во комуникација со цел прибирање дополнителни информации за деталите околу сообраќајната несреќа, податоци за починатите, како и во делот на обезбедување писмена потврда за сите детали од несреќата, соопштија од МНР.

Според италијански „Ла Воче ди Асти“, до несреќата дошло кога возилото во кое се наоѓале тројцата македонски државјани на возраст од околу 30 години, се судрило со автомобил со кој патувал 23-годишен Италијанец, на патот што ги поврзува Лигурија со јужниот дел на Пиемонт, во областа Понте Верде.

Тамошната полиција се уште ги испитува причините поради кои се случила тешката сообраќајка.

Слични содржини