Познат идентитетот на убиениот пејач на „Пластичарска“

од Nikola Popovski

29-годишникот Амар Исмани е жртвата од синоќешното пукање на булеварот „Никола Карев“. Според информациите, Исмани е познат пејач на албанската естрада, особено кај помладата публика. На социјалните мрежи веќе е објавено кога ќе биде неговиот погреб.

Како што се соопштува, на синоќешната престрелка ѝ претходела масовна тепачка.

Според МВР, пукањето било пријавено синоќа околу 23.40 часот во СВР Скопје.

-Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал, истакнуваат од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Останатите повредени се надвор од животна опасност.

Слични содржини