Познат идентитетот на убиецот на шест лица во Загреб

од desk2
82 прегледи

Убиството на шест лица во загрепската населба Кајзерица го извршил Игор Наѓ (36) од Вуковар, јавуваат хрватските медиуми, нагласувајќи дека тоа е „едно од најжестоките злосторства од хрватската независност”.

Убиени се мајка, татко, две ќерки, син на една ќерка и момче на другата.
Загрепски „Јутарњи лист” пренесува дека се убиени сестрите Маја и Јосипа, 10-годишник, кој најверојатно бил син на Маја, додека убиецот, според првите и неофицијалните информации, бил момче на Маја.

Бебето, кое е пронајдено неповредено на местото на злосторството, е дете на убиецот и во моментов се наоѓа во Дом за деца.
Убиецот се самоубил при апсењето, а мотив за убиството најверојатно е љубомора.