Познат руски психолог открива: Една карактеристика ја прави жената фатална

од Stefanija Kuzmanovska
829 прегледи

Познатиот руски психолог Михаил Лабковски смета дека самодовербата е најважна во животот, од тоа зависи колку ќе бидете успешни во кариерата, но и колку ќе бидете среќни во љубовта. Тој нагласува дека самодовербата надополнува се и дека кај жените е поважна дури и од убавината бидејќи посилниот пол едноставно не може да одолее на таквите дами.

„Мажите сакаат самоуверени жени, бидејќи не се фокусирани на своите недостатоци. Комуникацијата со нив е лесна, оставаат впечаток дека можат и знаат сè. Ги краси држењето, смирените гестови, сигурниот говор…“, објаснува Лабковски.

Ако сте навистина сигурни во себе, вели психологот, тогаш можете да ги импресионирате другите со вашето однесување.

„Ако жената е сигурна во себе, присуството или отсуството на маж во нејзиниот живот никако не влијае на неа. Ако е сама – животот не запира.

Кога жената се сомнева во себе, тоа често се изразува во фактот дека таа очајно сака да биде со некого. Важно е да се напомене дека самоуверената жена ја привлекуваат силни и самоуверени мажи. Момците со ниска самодоверба, несигурности и комплекси не ѝ се интересни“, наведува Лабковски.

Слични содржини