Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе одигра најважниот меч во историјата за пласман на Европското првенство, против Грузија во Тбилиси.
Селектор Игор Ангекловски, натпреварот ќе го започне во следнава формација:
На голот е Столе Димитриевски; во осдбраната триото Дарко Велковски, Висар Муслиу и Егзон Бејтулаи; по левата страна ќе оперира Езџан Алиоски, а по десната Стефан Ристовски; во средниот ред се Бобан Николов и Аријан Адеми; Елиф Елмас како треквартиста; и Горан Пандев и Илија Несторовски во нападот.
Додека пак неговиот грузиски колега селекторот Владимир Вајс почнува со: Лорија, Двали, Кашија, Кверквелија, Какабдзе; Квеквескири, Канкава; Окриашвили, Гвилија, Казаишвили; Качарава.
Натпреварот почнува во 18 часот, а директен пренос ќе врши МРТ1 и МРТ3.