ALAN WALKER НАМЕСТО НА 02 ЈУНИ НАСТАПУВА НА 24 ЈУНИ, А ДОАЃААТ И NOUVELLE VAGUE!

Задоволство ни е да ви го објавиме финалниот line-up за четиридневниот фестивал SKOPJE CALLING 2018.
Како што знаете, фестивалот го отвораат AXWELL & INGROSSO на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат MORCHEEBA, а за Вас како специјално изненадување, ја потврдивме и денес тоа и ви го најавуваме- големата француска атракција NOUVELLE VAGUE, која ќе настапи заедно со Morcheeba истата вечер!
На 23 јуни вечерта е резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња- ТEXAS, а за прв пат на голем оpen air концерт во Скопје ќе можете да го видите и ДАРКО РУНДЕК со неговиот бенд.
Фестивалот го затвораме со последната голема ѕвезда на електронската музика, ALAN WALKER, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл.
Евидентно е дека ова е најголем музички настан од независноста на Македонија, затоа што никогаш во Скопје досега на едно место во четири дена немало толку многу квалитетни светски музички артисти, што го прави SKOPJE CALLING уникатен фестивал ова лето во Македонија!
ВАЖНО: Сите оние што имаат купено влезници за ALAN WALKER за 02 јуни, истите ќе им важат и за новиот датум- 24 јуни.
Со новите измени би сакале да ви соопштиме дека локациите за настапите на SISTER BLISS и ROGER SANCHEZ ќе бидат објавени следната недела!
Цените на влезниците за настаните се следни:
AXWELL & INGROSSO:
ПАРТЕР 2- 1000 денари
ПАРТЕР 1- 1500 денари
ФАН ПИТ- 2000 денари
MORCHEEBA & NOUVELLE VAGUE:
ПАРТЕР- 1000 денари
ФАН ПИТ- 1500 денари
TEXAS & DARKO RUNDEK:
ПАРТЕР- 1000 денари
ФАН ПИТ- 1500 денари
ALAN WALKER
ПАРТЕР- 1000 денари
ФАН ПИТ- 1500 денари
Исто така, од понеделник, 28 мај, ќе има во продажба и блок карти за сите четири фестивалски денови, по цени од:
ПАРТЕР- 2000 денари
ФАН ПИТ- 3000 денари
Авалон Продукција